Мегафон

Ретроспективна изложба и промоција на албуми на групата „Чоканче“ во НУЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп

Ретроспективна изложба и промоција на албуми на групата „Чоканче“ во НУЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп

На настанот ќе се презентира развојниот пат од 40 години на групатаЧоканче, чие прво појавување e на 12 март 1983 година, на „Рок Парадата“ во салатана тогашното кино „Партизан“ во Битола, заедно со уште 13 локални  групи.

Првото појавување на групата e на  12 март 1983 година, на „Рок Парадата“  восалата на тогашното кино „Партизан“ во Битола, заедно со уште 13 локални  групи. Со енергичен настап и природен  контакт со публиката, Чоканче веднаш се издвојува, а тој ден засекогаш ја  промени рок сцената во Битола. Од 1986 година па наваму, групата настапува со свои авторски песни, снимани за Радио Битола и Македонската Радио и Телевизија. Ипокрај прекините во работењето, групата Чоканче останува присутна повеќе од  четири децении, постојано носејќи ја  својата енергија пред публиката.

Во периодот 1994–1995, во студиото на  Миодраг Неќак – МИКС започна снимањето  на дуплиот албум Чоканче 1 & 2, издаден  на касета и промовиран во клубот  „Андерграунд“ –Битола,  Дом на млади – Штип и  Дом на млади – Скопје. Во 2024 година дел од песните беа  реиздадени на винил, а наскоро ќе бидат достапни и на компакт диск. Групата претрпуваше промени во составот,  но остана верна на својот препознатлив звук. Денес Чоканче се: Паљачо, Скрочо, Крчо, Ќебапо и Алеко.

„Голема благодарност на оние кои беа дел од Чоканче и сите оние кои несебично ни помагаа.Голема благодарност на сите кои беа со нас сите овие години.Од Срце ве сака – ЧОКАНЧЕ!“– порачуваат од бендот.

To top