Некогашната позната модна блогерка, денес сопственик на свој моден бренд и топ инфлуенсерка – Љупка Митрова ја држи својата Инстаграм приказна постојано активна со објави што ги привлекуваат илјадници. Овој пат, една од нив буквално ги воодушеви сите жени – матурантки и невести.

Љупка, експерт за скапите брендови – од гардероба, чевли, чанти и накит, па сè до козметика – сега одлучи да ги сподели своите вештини со понежниот пол.

Пред само неколку часа, на својата кратка Инстаграм приказна објави дека е отворена за консултации со претходно закажување.
– На трети фебруари достапи се ограничен број термини за индивидуална консултација со Љупка Митрова. За невести, матурантки и жени што бараат нешто повеќе од обичен фустан – пишуваше во објавата која таа полна со самодоверба ја сподели.

Советите од атрактивната Струмичанка сега се достапни и бесплатни, а таа еднаш ја покажа и својата хуманитарна страна, кога изненади и матурантки со подарок, па така лично подари три скапи фустани од својот гардеробер за нивната матурска вечер. Не помина многу време, па веќе објави дека термините се пополнети, а останал само еден слободен термин.

Љупка Митрова со овој гест покажа дека вистинската мода е за споделување на знаење и радост – а за да закажете термин кај неа покрај многубројните фанови веројатно веќе е доцна.
Foto: print screen/Instagram/ljupka_mitrova




