Радио Милева болна тема

Џиџа за првпат проговори за загубата на бебето: „Не без свесна дека мене може да ми се случи тоа“

Џиџа за првпат проговори за загубата на бебето: „Не без свесна дека мене може да ми се случи тоа“

Пејачката Александра Стојковиќ Џиџа го загуби бебето кон крајот на ноември, поради што го напушти Белград на некое време за да пронајде мир со својот избраник.

Два месеци по тажниот настан, таа најде сила за првпат да застане пред камерите и отворено да зборува за болната тема.

– Не бев свесна дека нешто такво може да се случи, морам да им се заблагодарам на моето семејство и на мојот сопруг и на медиумите што нè почитуваат, периодот на моето заздравување помина, сега сме посилни и продолжуваме понатаму – рече Џиџа, а потоа откри како се чувствувала во тие моменти.

– Ми беше тешко, признавам, но имам свои методи во главата, а луѓето беа со мене и сум им благодарна на сите за нивната помош. Сега сум уште посилна, морам да кажам дека е важно да не се откажувам и да покажувам вистинска љубов. Ми беше полесно затоа што мојот сопруг беше таму, тој и јас се зближивме уште повеќе – рече Џиџа во емисијата „Премиера – Викенд специјал“.

фото:instagram printscreen/dzidza_official

To top