Во денешно време лесно е да експериментираме со личниот изглед како и колку сакаме.
Но, сепак најискрени фотографии се оние од детството.
Затоа, со таква цел социјалната мрежа Инстаграм често подготвува игри и предизвици за забава, а нашите познати Македонки не останаа имуни на тоа.
Колку се измениле покажаа и тие самите откако решија да го прифатат предизвикот кој кружи на социјалната мрежата: „Kако изгледаше како дете“?
Прва фотографија од детството сподели познатата инфлуенсерка и водителка Миа Костова.
Таа е редовна на мрежата за која низ Инстаграм прашања еднаш изјави дека и претставува задоволство.
Мобилниот од рака не го испушта ниту Кристина Димитри која сњ уште е актуелна со последната песна со храбар наслов… „Ми го е*а денот“!
Неодамна на нејзиното кратко „стори“ се појави фотографија со која покажа како изгледала во нејзиното детство.
Интересот за предизвикот продолжи да расте па се охрабри и новинарката и водителка Анастасија Деа Илиевска.
Таа пред нејзините следбеници објавува од нејзиниот приватен живот и активностите кои ги има со нејзините две мали дечиња, но сега откри како изгледала и таа како мала.
Би ги препознале ли на нивните детски фотографии овие опознати Македонки да не знаете за кого се работи, дали и колку се промениле оттогаш до денес, ви оставаме сами да процените.
Фото: Инстаграм