Радио Милева Дом со стил

„Мојот дом е мојот храм“: Мелита покажа како ја украси трпезата за Велигден (фото)

„Мојот дом е мојот храм“: Мелита покажа како ја украси трпезата за Велигден (фото)

Некогашната македонска ТВ водителка, а денес најпознатата скопска трендсетерка, Мелита Ракичевиќ одлучи да објави неколку кратки видеа преку кои покажа како ја украсила трпезата за Велигден, а со тоа откри и делови од својот стан.

Овие прзнични денови социјалните мрежи се преполни со велигденски јајца и декорации во домовите со кои се пофалија доста домаќинки.

И Мелита покажа колку била вредна, како ги обои велигденските јајца и како го украси домот.

@melita_mel7♬ original sound – Kardashian clips 🎬

На социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок привлече доста внимание откако сподели како изгледаше трезата, со декорираните јајца , колачиња, торта… а обожавателите  дефинитивно уживале и се инспирирале од  сработеното.

„Мојот дом е мојот храм “  – го напиша таа нејзиното мислење за уредувањето.

– Уживање во дом полн со љубов, топлина и стил  – додаде подоцна и на краткиот клип.

Дека Мелита овој пат доста се потрудила и создала вистинско ремек дело од домот, дефинитивно е за пофалба .

Фото: printskrin/instagram/melitameli

To top