Радио Милева многу слични

На прв поглед ќе ви стане јасно дека се во крвно сродство: Ова е сестрата на водителката Александра Илиевска

На прв поглед ќе ви стане јасно дека се во крвно сродство: Ова е сестрата на водителката Александра Илиевска

Календарски влеговме во период кога наголемо се организираат и случуваат предновогодишните забави, па оттука разбирливо  дека е дојдено време за поинаква дружба со колегите, соработниците, па дури и со оние од потесниот круг на семејтвото кога професионалните односи тоа го налагаат.

Па така, една таква забава беше прилика ТВ водителката Александра Илиевска да биде во друштво и да се забавува на исто место со сестра си.

Александра уште од времето кога почна да биде водителка на кулинарското шоу „Брза кујна“, а јавноста повеќе да ја препознава, беше порезервирана во однос на притатноста.

Тоа се интензивираше особено откако ја роди ќеркичката Сара. Но, времињата се сменија, па сега Александра се почесто практикува јавно да објавува приватни моменти со своите најблиски.

Па така, овој пат пред очите на нејзините следбеници водителката се реши да објави неколу фотографии

 

од нејзината постара сестра Тања додека се забавуваа предновогодишно на прославата на една осигурителна компанија.

Од приложеното евидентно е дека доста потсетуваат една на друга, особено во насмевката.

Инаку, Тања е мажена жена и има едно синче.

фото:Instagram printscreen/aleksandra_panovska_ilievska

To top