Промотер

Александра Трајческа со малку поинаква и песна и необично видео овој пат – „Ни татко, ни брат“ (ВИДЕО)

Александра Трајческа со малку поинаква и песна и необично видео овој пат – „Ни татко, ни брат“ (ВИДЕО)

Младата, црвенокоса, убава и харизматична прилепчанка Александра Трајческа откако блесна и двете изданија на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023 и 2024“, продиолжи да гради паралелна кариера.

Настапувајќи и како еден од вокалите на познатата блуз група „Crossroad Blues Band Reloaded“     чија последна песна „Мораше баш сега“ ја промовираа во месец октомври, но и како соло пејачка која помеѓу две патувања по светот соголемите крузери на кои е дел од бенд кој ги забавува гостите, успева да сними и понекоја нова песна како соло изведувач.

Токму деновива младата прилепчанка издаде нова песна, која во себе носи мешавина од блуз, американски рок и современ кантри призвук, која беше промоворана со мошне специфилен видеоспот.

Темата носи интересен наслов „Ни татко, ни брат“, за која музиката е заедничко дело на самата Александра Трајческа и гитаристот Дамир Пух, таа самата ги пишувала стиховите и покрај главниот, заедно со Наташа Миха ги пее придружните вокали,  додека аранжманот, миксот и мастерот, исто така ги изработил Пух.

Но, она што е најспецифично е визуелизацијата и приказната во неа на ова музичко парче.

Имено, за видеопродукцијата бил задолжен Атанас Димов, кој заедно со Трајческа  е и коавтор на сценариото, а видеоспотот кој е во вид на анимирана видеоприказна во која главниот лик е всушност ликот на пејачката, се издвојува по тоа што е реализиран со употреба на AI технологија, односно вештачка интелигенција, што му дава посебен визуелен белег и мошне оригинален идентитет.

Како сето тоа во пакет звучи и изгледа проследете во продолжение од песната и видеото на Александра Трајческа – Алекс,  „Ни татко, ни брат“…

 

 

 

To top