Лепа Лукиќ е на музичката сцена повеќе од половина век, а сега, според изворот, решила да сними филм за својот живот.
Таа ангажирала близок пријател, поточно Бојан Јовановски попознат како Боки 13, да ѝ помогне и да го напише сценариото за филмот, пишува Ало.рс
– Во филмот таа ќе открие детали за кои никогаш не зборувала јавно. Ќе зборува за љубовта и љубовниците, за тоа кој ѝ ставал сопки во бизнисот, но и во животот… Луѓето ќе останат без зборови кога ќе дознаат низ што поминала и што ѝ правеле луѓето – рекол извор близок до Лепа.

Сè уште не е познато кој ќе ја игра Лепа во филмот, но сигурно е дека нема да се игра себеси.
Во опција е легендарна српска актерка чиј дух наликува на Лепа, луѓето ја обожаваат, а тие се слични по возраст.
фото:Instagram printscreen/ lepa_lukic_official







