Радио Милева тешка судбина

„Грев е да се раздели мајка од дете“ – Анабела жестоко го поткачи овој човек

„Грев е да се раздели мајка од дете“ – Анабела жестоко го поткачи овој човек

Пејачката Анабела Атијас се потсети на најтешкиот период во својот живот и нагласи дека најголемиот грев е кога некој се обидува да раздели мајка и дете.

Анабела Атијас секогаш има насмевка на лицето, зад која се крие тешка судбина и проблеми кои целосно би ги скршиле дури и оние многу посилни од неа.

Сепак, пејачката храбро се справи со сите неволји, кога сите велеа дека е непријателка на Луна, и во емотивна исповед, таа за прв пат проговори за тоа што ѝ е на ум.

– Грев е да се разделат мајка и дете, и да се поддржува за тоа да се случи. Како никој не прашува што сака детето? Мајката и детето треба да имаат најголемо право еден кон друг. Боже, прости ми, но татко може да биде секој, се случува децата да ги одгледуваат оние кои не се биолошки татковци, но мајката е нешто посебно – изјави Анабела за Блиц, и откри на која одлука е најгорда. 

– Никогаш не им забранив на моите деца да бидат со нивниот татко, без разлика што е. Може да ми прави што сака, но сепак е нивен татко, го сакаат без разлика што е и треба сами да учат за својот татко и сами да одлучат дали ќе бидат во добри односи со него или не, а не јас да им го наметнувам тоа. Ова е најздравата можна одлука што мајка може да ја донесе за дете, како и за татко – заклучи пејачката, а многумина веруваат дека со оваа изјава индиректно го исмеа својот поранешен сопруг Гаги Ѓогани, со кого штотуку ги закопаа секирите.

Foto: printscreen/instgaram

To top