Битолчанката Марија Груевска, Македонија и регионот ја запаметија како една од најекстравагантните учеснички во „Ѕвездите на Гранд“.

Се појавуваше во најразлични изданија, од шокантни модни комбинации, до бизарни сценски настапи.

Во костими како неморална калуѓерка или статуа на слободата…

…Преку оној во лудачка кошула, до оној со жив албино питон на сцената, со што ги шокираше и жирито и публиката во студиото и ТВ гледачите.

Непосредно по учеството во музичкото талент шоу, Марија се омажи и нешто подоцна си замина од Македонија.

Последниве години таа со својот сопруг живее и работи во Германија, а по две години во странство, Груевска откри дека е на добар пат да стане и германска државјанка. Но, по преселбата музиката остана во втор план. Барем професионалното занимавање со истата, што може да се забележи и од нејзиното присуство на социјалните мрежи.

Во една од своите последно споделени Инстаграм објави , Марија Груевска покажа декаво изминатиот период поминала низ сериозна здравствена состојба.
Имено, поради нефункционална вена која морала итно да биде отстранета, пејачката била оперирана во Германија, каде што интервенцијата била успешно изведена. По објавата на оваа вест во некои од српските медиуми и самата Марија ја потврди информацијата и искрено проговори за тоа како се чувствува по операцијата.

„Точно е, оперирана сум. Ми вадеа вени, една главна и повеќе споредни. Главната вена беше нефункционална, не ја пумпаше крвта и не смееше така да остане, па мораа да ја отстранат. Имам 18 резови, но се’ помина како што треба“ – ќе изјави пејачката за Гранд.
Таа откри и дека престојот во болницата ѝ бил значително олеснет благодарение на медицинскиот персонал, кој, освен главниот доктор, бил составен претежно од луѓе кои се по потекло од Србија.

„Целиот тим, освен главниот доктор, беа Срби. Сите ги следат ‘Ѕвездите на Гранд’, па се смеевме заедно и по операцијата завршивме со неколку песни“ – низ насмевка раскажала пејачката.

На крајот, Марија порачала дека брзо закрепнува и дека се чувствува многу подобро.
„Фала му на Бога, подобро сум. Добро е што постои лек и начин ваквата состојба да се реши“ – оптимист е битолчанката.
Фото: Инстаграм/ri_ja_g







