Радио Милева предизвикувачко-провокативен изглед

Теа Трајковска минатиот викенд изгледаше „суперишка“ за „дуперишка“ (ВИДЕО)

Теа Трајковска минатиот викенд изгледаше „суперишка“ за „дуперишка“ (ВИДЕО)

Македонската пејачка Теа Трајковска е позната по честите трансформации на својот изглед. Промена на фризурата, бојата на косата, гардеробата, обувките, комплетниот оутфит…

И секогаш е убаво и модерно стокмена, дотерана од глава до петици и што е во последно време највпечатливо изгледа атрактивно, на моменти дури и провакитивно и мошне секси.

Така на последниот „Моден викенд“ Теа ги лепеше за себе „влажните машки погледи“ во кусо мини фустаче обвиткано со конци. „Влакнестиот аутфит“, надополнет со високи розви чизми над колена и малку голи бутини, предизвика пејачката да изгледа пмошне провокативно и предизвикувачки, што би рекле, повеќе од секси!

Ништо помалку возбудлива, Теа не се појави на уште една модна „дешавка“… Ревијата на Занов беше местото каде русокосата убавица го покажа сиот свој телесен раскош во уште една необична модна комбинација.

Коженото боди или само негова имитација, иста таква куса јакна рокерска јакна и црни кожени чизми со високи топуци над колена,  направија пејачката да изгледа неодоливо пожелна.

Нејзината фатална убавина, зачинета со провокативна нота, придонесе Теа да се појави облечена со стил, кој и овој пат до плафон го потенцира нејзиниот неодолив сексапил.

Ништо помалку возбудливо пејачката не изгледаше ниту минатиот викенд, кога стилот одново и го потенцираше сексапилот… Овој пат во куси црни шорцеви со тенки риги и исто такво сако, а под него боди со имитација на месо боја и градник од плетена тантела, направија Теа да изгледа во исто време и елегантана и заводлива. Особено кога тоа сето беше надополнето со виски црни кожени чизми над колена, па пејачката не остави простор нечија желба наречена копнеж да не биде задоволена, но секако, само визуелно!

Нова варијанта на предизвикувачко-провокативен изглед, овој пат за „дуперишка викенд“! Но, нееее… Ако сте неупатени немојте да ве излаже ниту изгледот, а уште помалку она „дуперишка“, зашто не е синоним, за нешто што некој можеби во прв момент ќе си го помисли! Впрочем, за тие работи јавно не се говори, нели?

Ова е нешто сосема друго, зашто вака стокмена Теа Трајковска се појави таму каде што сите кои дојдоа на местото на настанот можеа да ја видат и секако слушнат.

Зашто „дуперишка викендот“ беше асоцијација за настапот на дуото „Дупер“  во клубот „Станица 26“, каде Теа им беше специјална гостинка таа вечер. Оние кои се погрижија да изгледа така модерно, возбудливо и заводливо и самата ги пофали во еден од своите Инстаграм постови! А пејачката изгледаше навистина „суперишка“ за „дуперишка“… настапот!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THEA (@theatrajkovska)

Фото и видео: Инстаграм/theatrajkovska

To top