Ако минатата сезона уште на старт не им се допадна на поединци кои веќе не се дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, оваа сезона велешанецот Иван Милевски апсолутно го покори жирито.
Во неговиот претходен обид, Иван со „Тајно моја“ од Тоше Проески, заработи паник тастер, a овој пат ги имаше сите седум гласа и тоа без никакво двоумење на жирито.

Иван Милевски дојде во придружба на својата свршеница која се пофали дека ја запросил на Малдиви, баш како на романтичен филм, па убавото сценарио продолжи и со тоа што ја направи среќна и горда на својот сакан и со тоа што беше поласкан во шоуто.

-Искрен да бидам ги очекував овие седум гласови. Минатата година немав ниту еден глас, тогаш не беше задолжително жирито да даде глас и никој не гласаше за мене, откри велешанецот по својот настап.
Ова ги шокираше останатите во студиото, а на прашањето на Цеца како се случило тоа, Иван објасни дека згрешил со изборот на песни, односно се преставил со нешто што не му лежи баш најдобро.

Кога веќе имаше шанса да бира кој да му биде ментор, Иван веднаш ја имаше одлуката дека тоа е Цеца Ражнатовиќ.
-Добредојде во мојот победнички тим – му порача таа.

Веќе од следните изданија Иван е еден од Македонците во ова шоу за кого сигурно ќе се навива.
фото:You tube printscreen/Zvezde Granda







