Радио Милева во костец со животот

„Искрено“ е на пауза… ама привремено: Додека Ивана ужива соло на Малдиви, Адријана прави анализа на изминатите години: „На кои ли дроги бил сценаристот на мојот живот“?

„Искрено“ е на пауза… ама привремено: Додека Ивана ужива соло на Малдиви, Адријана прави анализа на изминатите години: „На кои ли дроги бил сценаристот на мојот живот“?

Откако влета во нова улога, на ко-водителското столче на новиот поткаст  „Искрено“ со Ивана Наскова, Адријана Ацевска се повеќе покажува дека квалитетите не и се само телесни, а  способностите само вокални, туку има многу повеќе од тоа и интелектуално да понуди.

Но ова своевидно „стерео ток шоу“ не е единственото место каде нејзините животни искуства или мудри мисли можеме да ги слушнеме, зашто социјалните мрежи, особено Инстаграм оддамна е нејзиното поле за интелектуално надмудрување со животот!

Таму г-ца Кеш неретко споделува свои или туѓи мудри мисли и лични искуства, чисто онака, заради себе си или туѓа поука дека животот си тече и бргу минува, па ако не умеете да ги препознате моментите, еден ден многу повеќе ќе ви биде жал за она што сте го пропуштиле, отколку за она што не сте го направиле!

И додека Ивана наскова ужива на егзотична дестинација, на корално сините Малдиви, Адријана  прави анализа на изминатите години.

До душа и Ивана имала нерализирана желба, која овој пат си ја реализираше… Ама само половично! Вљубена да, ама самата во себе…  тоа најмногу! Ама што е важно, важно да се вљубен!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Naskova (@ivananaskova)

„Сакав да се заљубам и да одиме заедно на Малдиви, но тогаш сфатив дека се сакам себеси. Така се однесов на Малдиви“! – „Искрено“ признава едната водителкана истоимениот поткаст.

Другата пак,  додека шоуто им е на привремена пауза, освен што си ја тера својата досегашна работа со пеењето, слободните мигови ги користи  како што рековме, за анализа на изминатите години.

„Вчера беше рано, утре ќе биде доцна, а денес едноставно не е денот. И така ги пропуштаме најважните моменти во животот“ – од „Искрено“ – поискрено се кажува пејачката ем сега и водителка.

Она што ја буни и не и е јасно, а се би дала за да дозне само една работа. Што психотропни супстанци конзумирал оној кој го пишувал сценариото за нејзиниот живот?

За жал, одговорот за нејзиниот како и за нашиот, оној личниот, го знае само оној горе – Севишниот!

Фото: Инстаграм/adrijana_acevska/ivananaskova

 

To top