Со секое свое појавување, албанската пејачка со скопска адреса, Аделина Тахири, изгледа како од престижен моден магазин, ама овој пат Аделина има засилување и тоа не било какво , туку сестринско.
Аделина и нејзината помала сестра Диана, се буквално како од модна писта на ревија од ангелите на „Викторија сикрет“.

Тие бликаат од женственост, сексапил и раскош во екстравагантни црвени фустани кои формираат силуета од совршениот физикус, истакнувајќи го секој дел од извајаните тела.
Провокативни и свои, секоја на посебен начин. Аделина едноставно е совршен модел кој перфектно умее да износи што и да облече, а ништо покуса не е ниту сестрата – во случајов и двете го одземаат здивот – жени оган!
View this post on Instagram
Чекор страст, самоувереност, бестрашност, жив оган и тоа на квадрат, спакувано во специјална празнична божиќна фотосесија и едиторијал каде сестрите се дадоа на ниво на задачата.
Рамнодушни на ваквата женска убавина веруваме дека нема, Аделина и Диана двете неодоливо предизвикувачки, особено за посилниот пол.

Со ваква жешка претпразнична увертира, доаѓа до хипиноза и мешаница во глава од која ти доаѓа да кажеш – епа Среќна Нова!
фото: Инстаграм принтсцреен/diana.tairi and adelina_tahiri1




