Светлана и Мики Црнокрак важат за една од најубавите брачни двојки во јавниот живот во Македонија. Со својата љубов и посветеност тие создадоа прекрасно семејство од кое најубавото се материјализира во нивните ќерки, Моника и Нина.
Моника и помалата Нина се вистинска гордост за нивните родители. Првата љубов, Моника, веќе го осветлува телевизискиот екран како водителка, додека Нина има свои успеси на изборите за убавина за деца и тинејџери. Во конкуренција од цел свет, Нина беше избрана за „Little Miss Planet“ во рамки на „Miss & Mister Teen Planet“, што говори за нејзиниот шарм и талент.
Вчера Нина го прослави свој 14-ти роденден, веќе голема и самостојна тинејџерка. Мама Светлана со радост сподели дел од роденденската атмосфера на Инстаграм, прикажувајќи ја топлината од прославата.

Тортата со свеќи беше неизоставен дел, а љубовта од најблиските ја направија вечерта незаборавна. Така, Нина блесна со круна на главата додека позираше, пред да си замисли желба.

Да се потсетиме, Мики Црнокрак, поранешен манекен и сопственик на студиото „Црнокрак“, и Светлана се заедно од 1997 година, градејќи живот полн со љубов и успех. Ќерката Нина е жив доказ дека вистинската убавина и хармонија се наследуваат од мама и тато, а нивната приказна продолжува да инспирира многумина.
фото: printscreen/instagram/facebook/mikicrnokrak







