Радио Милева „нема да бидам амал“

Тијана Дапчевиќ отворено за деликатниот психолошки пристап кон себеси: „Не ме прашувај како знам“

Тијана Дапчевиќ отворено за деликатниот психолошки пристап кон себеси: „Не ме прашувај како знам“

Сцената, камерите, животот пред публика… и се’ она попратно за еден артист како Тијана Дапчевиќ, се  нераскинливо секојдневние за неа, живот каков  години наназад го живее и го избрала за свој пат.

Не ретко е гостинка во разни ТВ емисии и поткасти, прилика каде можеме да слушнеме нешто повеќе за неа и приватно, а препознатлива е и по тоа што кај Тијана нема задршка кога се во прашање искажување на личните ставови, па макар тие се коселе со веќе поставените норми.

Дапчевиќ од своите најнови телевизиски излагања се осврна на деликатниот психолошки пристап кон себеси, односно за тоа колку лично се почитуваме кога нештата не одат како што треба, а тоа не го сакаме паралелно стремејќи се кон лична психолошка сатисфакција.

 

-Многу терапии требаат за да кежеш, јас сега веќе не сакам. Не, не можам. Не, не можам. Нема да бидам онаа што ги влече нештата, да бидам шерпас, да се очекува се’ од мене. Многу терапии. Не ме прашувај како знам, изјави Тијана за Адриа ТВ.

Од ова се постави и дискутабилноста дали животот е терет или задоволство? Коментари имаше доста, секој од своја гледна точка… Тема за долга дискусија, и како што вели Тијана со потреба за многу персонални терапии…

Инаку, Тијана Дапчевиќ од месец ноември е посветена на избедбата на урнебесната монодрама, „Менопауза“ која ги отвора сите теми за кои жените обично шепотат – но сега зборуваат гласно, духовито и без срам – е напишана од Данило Вукотиќ, додека претставата е во режија на Раде Вукотиќ.

Тијана Дапчевиќ – во улога на жена во менопауза, без влакна на јазикот (но со неколку нови на брадата) зборува за секс, сувост, ПМС кој не одлучил дали доаѓа или си оди, љубовници кои не знаат каде е лубрикантот и сопрузи кои имаат криза на средните години.

фото:Instagram printscreen/tijana.dapcevic

To top