Пејачката Мира Шкориќ еднаш ја шокираше јавностa кога откри дека го затекнала својот поранешен свршеник, германски бизнисмен, во кревет со маж.
Имено, пејачката и две години постариот бизнисмен од Берлин се сретнале на прием, каде што таа се појавила како специјален гостин, и брзо влегле во врска.
Пејачката се појавила ненајавено во куќата на бизнисменот во Берлин за да го изненади. Меѓутоа, кога влегла во неговиот стан, во кој требало наскоро да се пресели, затекнала шокантна сцена – Германецот бил во кревет со помлад маж.

На пејачката ѝ се затемниле очите, почнала да пцуе и да вика, а нејзиниот свршеник упорно повторувал дека е само добар пријател. Таа не му верувала, го фрлила прстенот, ја треснала вратата и го оставила засекогаш.
– О, Боже, мислев дека вакви работи се случуваат само во филмови. Никогаш не сум доживеала таков срам. Толку сум понижена како жена што не знам како да се справам со тоа. Никогаш ни за момент не помислив дека ќе ме изневери со жена, а камоли со маж! Не можам да ја извадам таа слика од главата. Овој свет е по ѓаволите – рече еднаш Мира.

– Поради работа, бев спречена да одам во Берлин некое време, иако ме замоли да доаѓам кај него секој ден. Кога едвај успеав да одложам некои обврски, решив да го изненадам. Бидејќи го имам клучот од станот, не му се најавив, а кога влегов… сè уште се тресам! Го фатив со маж! Толку сум повредена и да имав пиштол со мене во тој момент, ќе ги убиев и двајцата! Го фрлив прстенот кон него, се свртев и си заминав. Многу ме повреди, ја изгубив верата во љубовта – откри Мира во една прилика.
извор:Instagram printscreen/ miraskoric







