Поранешната кошаркарка, а сегашен фитнес тренер, Едина Муса која е доста актуелна на социјаните мрежи денес ги загрижи следбениците со најновата објава.
Имено таа имала драматична ситуација која ја сподели и пред јавноста. Нејзиното милениче Пикси го нема веќе два дена, и е доста загрижена поради тоа.

– Пикси ми го нема веќе два дена… Ве молам доколку некој го види во околината на Момин Поток да ми пише… Научен е само во домашни услови и многу е плашлив – напиша во паника Едина Муса.

Таа упати апел што се прошири на социјалните мрежи, бидејќи доста се вознемирила поради оваа ситуацијата.
Кратко по апелот, Едина Муса го нашла Пикси кај соседот, а потоа објави:
– „Се појави дебелиот после два дена“.

Подоцна и јавно се заблагодари на сите што споделија, се јавија и се загрижија, а особено на соседите што веднаш и јавиле.
– Повторно заедно. Фала ви на сите од срце што споделивте, посебно фала на комшиите, што веднаш ми јавија за дебелиот. Две ноќи не сум спиена дека знам дека смотанко не знае сам да си дојде – со насмевка на лицето изрази гордост што сите се организираа за помош и што Пикси е безбедна назад дома.

Foto: Print screen/Instagram





