Пејачката Милица Павловиќ, по својот нов албум и хит-песна ADHD, закажа голем соло концерт за крајот на оваа година во јужна Србија, во Ниш.

Таа ги шокираше сите кога објави тизер за концертот насловен „Кралица на југот 2“, а тоа беше поради трансформација каква што никој не очекуваше.

Милица имаше кратка момчешка фризура, со широки сини фармерки, бел краток топ и кристален градник.

Иако не е јасно дали станува збор само за перика или навистина ја скратила косата, коментарите беа само позитивни.
View this post on Instagram
Со видео најава за големиот солистички концерт на својот Инстаграм профил, пејачката рече: „Мислам дека е време за „Кралица на југот 2“ и мојот ЈУГ!“
Foto: prints Creen/Instagram





