Живот и стил

Брускети со карфиол

Брускети со карфиол

Состојки: (за 4 лица)

1 голем карфиол (околу 600 г) или 2 средни

2 лажици маслиново масло

1 згмечен лук

малку сол

200 грама сирење (полутврдо)

1 лажичка мелена пиперка

3 млади кромитчиња

Подготовка:

Исечете го карфиолот на стекови (дебелина од околу 1 см). Ставете ги на плех за печење покриен со хартија за печење. Измешајте го маслиновото масло, згмечениот лук,  мелената пиперка и солта и премачкајте го карфиолот со смесата. Печете во претходно загреана рерна на 220 °C 10 минути, потоа свртете го, премачкајте го со четка и печете уште 10 минути. Додадете рендано сирење на сè уште топлите стекови, наросете со сецкан млад кромид.

Сервирајте топло.

Извор: Kurir

Foto: Freepik

To top