Живот и стил

Мисиркини ќофтиња во сос од домати

Мисиркини ќофтиња во сос од домати

Овој рецепт за сочни мисиркини ќофтиња во богат сос од домати е идеален избор за семеен ручек или вечера. Комбинацијата од меленото месо, свежите зачини и доматниот сос создава топло, ароматично јадење што совршено се комбинира со шпагети, пире или ориз. Подгответе го за 30–40 минути и уживајте во домашен вкус со италијански шмек.

Состојки:

  • 1 кесичка зачин за ќофтиња
  • 500 грама мелено мисиркино месо
  • 50 грама пармезан (рендан)
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • 2 лажици маслиново масло
  • ½ главица кромид (ситно сечкан)
  • 2 чешниња лук (ситно сечкани)
  • 400 грама сечкани домати
  • 200 мл пасирани домати (доматен сос)
  • 1 лажичка шеќер
  • ½ лажичка оригано
  • ½ лажичка босилек

Подготовка:

Содржината од кесичката со зачин за ќофтиња измешајте ја со 70 мл млака вода и оставете ја неколку минути да отстои.
Во хидратираниот зачин додадете го меленото месо, пармезанот и магдоносот. Мешајте  додека не добиете компактна смеса. Формирајте мали ќофтиња (околу 10–15 парчиња).
Загрејте го маслото во подлабока тава. Испржете ги ќофтињата од сите страни додека не добијат златно-кафена боја. Извадете ги на страна.

Во истата тава додадете го сечканиот кромид и пропржете го неколку минути. Потоа додадете го лукот и кратко запржете додека не замириса. Во тавата додадете ги сечканите домати, доматниот сос, шеќерот, ориганото и босилекот. Оставете да зоврие, потоа вратете ги ќофтињата во сосот. Гответе на тивок оган 20–30 минути, додека сосот се згусне и вкусовите се соединат.

Послужете ги ќофтињата со сосот врз шпагети, или по желба со пире или варен ориз.

Фото: FreePik

Izvor: Kurir

To top