Пејачката Александра Бурсаќ одговараше на прашања на Инстаграм, кога зборуваше за бременоста и породувањето.
Александра прво призна дека претходно правела грешки при изборот на партнер.
– Дали некогаш порано си замислувала дека ќе бидеш мајка? – беше првото прашање, на кое пејачката одговори:
– Имав желба, но кога немаш вистинската личност покрај себе, желбата е залудна. Направив голема грешка во изборот на партнер.

Потоа една корисничка на Инстаграм го сподели своето искуство со породувањето, нагласувајќи дека не било толку страшно, а пејачката продолжи:
– Секоја чест, но јас ја немам таа храброст. Едвај го издржав вадењето на стентот, мислев дека е готово, но траеше неколку минути.
Да потсетиме дека Александра Бурсаќ неодамна се пожали на проблемите што ги има за време на бременоста, а потоа побара помош од своите обожаватели.
– Дали има бремени жени што вака отекувале? Јас не спијам луѓе поради болки во стапалата и листовите. Малаксаноста се врати, како во некој паралелен свет сум. Дали некој има некаков совет, решение?

Foto: Instagram pritnscreen/stevansekulic




