На една свадба во Горњи Милановац во Србија, избила општа тепачка во која добиле ќотек и самите младенци! Како што дознаваме, полицијата била известена за овој инцидент на 28 септември околу 22 часот, а екипата за итни случаи интервенирала во добро познатиот хотел во Горњи Милановац, каде што била организирана свадбата, за да им укаже помош на неколку повредени лица. Патем, еден од присутните гости ја снимил непријатната сцена со камера од мобилен телефон, а снимката е објавена на Инстаграм страницата 192_rs.
Свадбата се одржала во добро познат хотел во Горњи Милановац. Сè било во ред до околу 22 часот, кога еден од гостите почнал да се однесува недостојно. Како изјавиле очевидци, тогаш младоженецот ѝ се приближил на сопругата на мажот и наводно ѝ рекол да се обиде малку го смири сопругот. Но, жената наместо да реагира се разбеснела и веројатно го изгребала младоженецот по лицето, нешто што невестата го видела и дошла да го брани својот нововенчан сопруг“ – раскажуваат очевидци како настанал хаосот на свадбената забава.
Според нив, кога невестата се приближила до скараните, жената ја удрила.
„Ја удрила навистина силно, не знам дали било шлаканица или тупаница, но невестата паднала на подот и си ја искинала венчаницата! После тоа, настанал општ хаос“ – раскажал еден очевидец.
Таа жена што ги нападнала младенците, откако ја нокаутирала невестата и самата паднала, т.е. се струполила на подот. Еден од свадбените гости повикал брза помош и дури тогаш се случила нова драма. Лекарите од Итната помош сакале да ѝ помогнат на жената што лежела на подот, се чинело како да е во несвест, но нејзиниот сопруг не им дозволувал, ги турнал и ги одвратил… Полицајците едвај ги разделиле и ги смириле.
Патем, на објавеното видео може да се забележи дека музиката не престанала да свири, без оглед на тоа што избувнала тепачка.
Интересно е што пејачот не престанал да пее кога се случил сериозниот инцидент. Додека сватовите се тепаат, во позадина цело време се слуша песната „Поздрави је, поздрави“!
View this post on Instagram
Фото – видео: Инстаграм/192_rs





