Радио Милева од убаво, поубаво

Катарина Ивановска романтична и самоуверена до бесвест: „Доцна му е да бега, зашто веќе…“

Катарина Ивановска романтична и самоуверена до бесвест: „Доцна му е да бега, зашто веќе…“

Убавото македонско девојче Катарина Ивановска никогаш не остава да и биде монотоно на љубовен план.

Дали има повеќе или помалку модни ангажмани, тоа е сосема неважно во поглед не нејзината актуелност во медиумите, особено кога приватноста е во прашање.

Кики редовно преку социјалните мрежи покажува дека во љубовта со партнерот Стефан Ханџиски и цветаат ружи, па оттука кога нешто е убаво и се’ оди како што треба, следното ниво разбирливо дека е очекувано.

Сепак, Кики секогаш е со резерва за откривање детали од љубовниот живот.

Така беше и кога пред повеќе од две години нешто по раскинувањето со Перо Антиќ, започна нова романса со сегашниот партнер Стефан Ханџиски.

Одвреме- навреме Кики знае да објави по некоја фотка од нивните заеднички патувања кои ги имаа доста изминатото лето крстарејќи по егејот, но овој пат преку една „стори“ објава Катарина покажа дека романтика и љубов има за извоз, ама и самоувереност од женска страна.

-Кога тој ќе стфати дека сум луда, но е предоцна за него да бега бидејќи веќе ме сака, стои во написот во кој се пронајде манекенката во прилог на заедничката романтична фотографија.

Сигурна, вљубена, насмеана и со искри во очите за она што саканиот го пружа за неа, очигледно и таа за него, а кога нештата се вака љубовно наштимани взаемно, дури и за ваква јавна потврда, „бегање“ од убаво нема…

фото:Instagram printscreen/ ivanovska_katarina

To top