Радио Милева изненадување за присутните

Присутните во чудо: Арнолд Шварценегр диригира на Октоберфест

Присутните во чудо: Арнолд Шварценегр диригира на Октоберфест

Американскиот актер и поранешен републикански гувернер на Калифорнија спонтано го диригирал оркестарот и публиката што пеела во пивницата и очигледно одлично се забавувал, пишуваат германските медиуми.

Потоа, ѕвездата од филмот „Терминатор“ се фотографирал со музичарите во петокот навечер, пренесе АП.

Шварценегер (78) облечен во традиционален баварски кожен елек, кошула и фармерки, бил придружуван од партнерката Хедер Милиган и синот Кристофер.

Тој веќе неколку пати го посетил најголемиот светски фолклорен фестивал во германската покраина Баварија, вклучувајќи го и шаторот Марстал, еден од многуте на фестивалот.

Овогодишниот Октоберфест започна на 20 септември и завршува на 5 октомври.

Најголемиот светски фестивал на пиво обично привлекува до шест милиони посетители.

фото:You tube shorts printscreen/@indiatoday

To top