Радио Милева трансфер

Гоца Тржан му даде отказ на Јоксимовиќ: „Преку глава ми е од тешки семејни драми“

Гоца Тржан му даде отказ на Јоксимовиќ: „Преку глава ми е од тешки семејни драми“

Гоца Тржан неодамна даде отказ од работата во К1 телевизија која е во сопственост на пејачот Жељко Јоксимовиќ и се пресели во Блиц телевизија, а сè уште не ја откри точната причина за преселбата.

Сега таа излезе во јавноста и откри што ќе прави на новата работа. Како што истакна, ќе има сосема нов концепт на емисијата, која ќе има забавен и хумористичен карактер, што особено го очекува.

 

– Оваа нова сезона 2025/2026 ќе ми донесе ново искуство, а тоа е водење емисија доцна навечер, каде што треба да бидам забавна, фина и интересна – откри Гоца Тржан и додаде:

– Малку ми е преку глава од тешки семејни драми и проблеми, па би сакала малку да се забавувам, верувам дека и тоа ѝ недостасува на публиката. Ќе направиме емисија која ќе биде опуштена, се надевам духовита, забавна, жива и обоена од мојата енергија, па тоа ве очекува – рече Гоца Тржан.

фото:Instagram printscreen/k1televizija and gocatrzan

To top