Радио Милева полно радост

„Бев клинка кога почнав вистински да го сонувам мојот сон“ – Актерката Весна Петрушевска прогласена за лауреат на наградата „Васил Иљоски“

„Бев клинка кога почнав вистински да го сонувам мојот сон“ – Актерката Весна Петрушевска прогласена за лауреат на наградата „Васил Иљоски“

Актерката Весна Петрушевска е  прогласена за лауреат на наградата „Васил Иљоски“ на 28. издание на фестивалот „Денови на комедија“. Оваа награда се доделува како високо признание за значаен животен и уметнички придонес во театарот.

Во 2025 година, Петрушевска ја доби наградата за својот специфичен придонес, особено во областа на комедијата.

Во нејзината изјава, таа истакна дека наградата ѝ е многу драга, особено затоа што често уметниците се признати по завршување на нивната кариера, а ова признание ѝ носи радост бидејќи е доделено додека е активно присутна на сцена.

„Ви благодарам за наградата “Васил Иљоски” за лауреат на 28то издание н Денови на комедијата. Бев клинка на 13,14 години кога почнав вистински да го сонувам мојот сон. За да бидеш свој подразбира многу борба,храброст,работа,такент,љубопитност и доследност. Не би менувала ништо кога ќе трепнам наназад. Сум насмеала илјадници луѓе, сум делела љубов на сцена, ден денес сум своја и борбена. По пат сретнав и лоши луѓе, безочни, но и прекрасни. Имам 55 но во душата сум дете. Дебес бев многу среќна, беа со мене мама и Мина…ми недостасуваше тато за кој сум сигурна дека ќе ја имаше онаа негова шеретска насмевка. Наградата е за мама @s.petrusevska50 Благодарам Саше и @maksimdimitrievski кои со години ја поддржувате мојата работа“. Напиша актерката на социјалната мрежа Инстаграм.

Со ова, Весна Петрушевска стави уште еден значаен печат на богатата кариера, исполнета со талент и посветеност кон уметноста, во знак на почит од страна на своите колеги и публиката.

To top