Радио Милева храбро и со многу надеж за подобро утре

Дракче реши пред камера да проговори за здравствената состојба: „Не паднав во очај“

Дракче реши пред камера да проговори за здравствената состојба: „Не паднав во очај“

ТВ водителката и домаќинка на кукинарска емисија, Драгица Стевковска – Дракче, реши да го прекине молкот поврзан со нејзината здравствена состојба и со тоа да ги спречи понатамошните шпекулации.

„Гответе до Дракче“ изминатото лето ја гледавме репризно на Канал 5 телевизија, а Дракче преку социјалните мрежи побара од медиумите да бидат воздржани околу написите за нејзиното здравје извлечени од социјалните мрежи.

Деновиве таа реши да застане пред камера и да открие што всушност се случува со неа.

– Jас еве се чувствувам среќна што можам повторно да застанам на нозе, да комуницирам прво со  моето семејство, а потоа и со сите други. Да, имаше многу шпекулации. За жал, во некои се најдов и во една непријатна ситуација, гледајќи ме по болничките ходници, но се случи хаварија на коскениот систем кај мене, што за жал е една болест која што бара подолго лекување. Што значи јас не сум тотално излечена, следуваат уште една, две, можеби три или четири оперативни зафати кои што ќе следуваат. Но јас храбро стојам на нозе. Не паднав во очај, што за мене е голема радост. Пак ќе речам ја имав поддршката од семејството, поддршката од мојот народ, енергијата од Бога и еве ме повторно здрава права, да речам пред оние искушенија кои што ме чекаат и во иднина – ни кажа Дракче .

Дракче тврди дека за нејзиното здравје имало шпекулации, но дека сега се чувствува многу добро и дека со нетрпение очекува да се врати на снимање.

– Многу се радувам, бидејќи со нетрпение се очекува третата сезона. Двете сезони го освоија срцето на гледачите и мене тоа многу ме израдува. Едвај ја чекам. Се спремаме за трета сезона во која што ќе ставиме новитети. Нај исклучителна ќе биде она што ќе имаме и по некои од народот, значи учесници кои што ќе ги црпиме од народот. Оние верни гледачи. Наши верни гледачи, кои што умеат да споделуваат со мене многу рецепти, но и умеат да ги прават нашите домаќинки и домаќини и луѓе готвачи, нели, луѓе кои што си ја имаат таа професија- најави Дракче.

Во преодолжение можете да го погледнете целосното интерју:

фото: Facebook/Dragica Stevkovska Drakce

To top