Пејачката Јелена Карлеуша ја изненади публиката кога го подари својот препознатлив парфем на нејзината долгогодишна шоу-ривалка Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Како гостин во „Амиџи шоу“, Карлеуша им донесе производи од нејзината козметичка линија на своите колеги од жирито на „Пинк ѕвезди“.

Најголемото изненадување се случи кога дојде редот на Вики Миљковиќ. Карлеуша откри дека подготвила две торби за неа.
– Вики, едното е за тебе, а другото е за кумата (Цеца Ражнатовиќ). Сакаме таа да мириса убаво како што мирисаме и ние – рече Јелена, оставајќи многумина без зборови пред малите екрани.

Иако Вики учтиво му се заблагодари за подарокот, таа веднаш почна да ја „пребарува“ содржината на чантата, не криејќи ги своите сомнежи. Неколку пати ја праша поп-дивата дали има некакви непријатни изненадувања внатре, што ги насмеа сите во студиото. Погледнете го видеото подолу за да видите како изгледаше сето тоа.
Foto: printscreen/instgaram/facebok





