Регионалното музичко талент шоу „IDJ Show“ почнува да ја вози новата сезона. Аудициите се во тек, а на нив како по правило нови деца, меѓу кои и наши, Македонци, кои со години наназад се дел од најурбаното регионално музичко натпреварување. Ако претходните сезони „растураа“ со своето пеење, но и со својата појава, харизма, однесување, сценскиот настап Љупка Арсовска, Марија Спасовска, Барбара Поповиќ, Стефан Ефремов или Луна Бејков, годинава нови таленти од Македонија застанаа на аудициите пред тричленото жири во кое можеби помалку е изненадувачки, но повеќе го нема нашиот композитор и продуцент Дарко Димитров. На неговото место покрај стандардните Реља Поповиќ и Наташа Беквалац, сега е фолк ѕвездата Сека Алексиќ.

Но, затоа пред микрофонот на аудицијата застана уште една млад македонски пејачки талент, девојката која веќе се испробала и на други талент натпреварувања, но и на најпознатите домашни фестивали како „Макфест“ на пример, а има и свои авторски остварувања во вид на нпесни и видеоспотови, меѓу кои е и нејзиното последно остварување, насловено „Шах – Мат“!

И покрај се’, Мелани Тарчуловска која не е непозната во музичките кругови и воопшто на естрадата, (инаку ќерка на познатата македонска фолк ѕвезда Соња Тарчуловска и македонскиот бранител Јохан), решила да си ја проба среата и во најурбаното регионално музичко натпреварување кое година можат да го следат и ТВ гледачите во Македонија, на програмите на ТВ Сител.

Така, синооката Мелани се појави на аудицијата пред споменатото трочлено жири, каде избрала да испее песна токму на една од членките, новосадската барбика Наташа Беквалац. Изведбата повеќе од солидна, иако жирито не би било таму, доколку нема што да додаде, одземе, пофали, посочи, критикува, да даде некоја своја дополнителна сугестија.

Така Наташа и Реља беа задоволни па на Мелани дадоа зелено светло за понатаму со едно големо ДА, додека Сека имаше свои забелшки, па остана воздржана, така што продукцијата е таа која треба да ја донесе конечната одлука.

„Јас треба да влезам во „IDJ Show“ зашто сметам дека јас тоа го заслужувам, тоа го можам, дека јас сум лик за таму… Така што, нека ме пробаат“ – рече Мелани во својот коментар по настапот на аудицијата!
Фото и видео: YouTube/IDJ PEPSI SHOW 2025 – AUDICIJA – MELANI TARČULOVSKA







