Виктор Живојиновиќ, најмладиот син на Лепа Брена и Бобa Живојиновиќ, моментално ужива на одмор во Ровињ, опкружен со своите пријатели.

Тој сподели серија фотографии на кои се гледа како ужива, прво на море, а потоа и на јахта сопријателите. Тие уживаа и во ручек на луксузниот брод, со морска храна во менито.
View this post on Instagram
Да потсетиме, пред неколку години, Виктор тежеше 163 килограми, а постигна одлични резултати со вежбање и промена на исхраната.
Тој сепак сакал да отстрани повеќе масни наслаги околу стомакот, кои најтешко се топеле, па затоа се подложил на липосукција, објавија локалните медиуми во тоа време.
Брена еднаш во една прилика рече дека Виктор имал многу проблеми со својата тежина.
– Боба и јас постојано правевме вечери кога децата беа мали, и затоа Виктор тежеше 163 килограми. Многу страдав поради тоа. Ми беше толку тешко што плачев. Секој пат кога ќе го погледнам, ми се појавува грутка во грлото. А тој тогаш имаше само 20 години. Се плашев дека ќе добие дијабетес – рече Брена, нагласувајќи дека било исклучително тешко да го мотивира својот син.

Оваа година, семејството Живојиновиќ поголемиот дел од летото го помина одмарајќи и крстарејќи на својата јахта, на која и моментално престојуваат.
Foto: Instagram.com







