Радио Милева куриозитет ја остави жива на овој свет...

Ана Стојанова сепак мораше „да легне под нож“: Доцнењето и го спаси животот (ВИДЕО)

Ана Стојанова сепак мораше „да легне под нож“: Доцнењето и го спаси животот (ВИДЕО)

Како што веќе пишувавме, кога најмалку очекуваше и требаше, на познатата македонска фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот, Ана Стојанова и се случи тежок малер. Здравствена хаварија со среќен крај, иако Ана мораше да помине низ „сцили и харибди“ во болница, наместо мирно да плови и едри со едрилица.

Имено, Ана Стојанова непосредно пред да заплови кон еден од познатите грчки острови, на нов летен предизвик со својата армија фитнес придружнички, почувствувала силни болки во пределот на абдоменот.

Иако ништо „специјално“ не јадела, ниту пак пиела, , почуваствувала  слабост и помислила дека тоа е од патот од Македонија до грчкото пристанипте Волос, дека ионака има низок притисок, па…

Бродот со нејзината армија  придружнички сепак исплови и без нивниот „капетан“, зашто Ана мораше да остане во болница. Иако првите созбнија биле шокантни, дека е во прашањевоспаление или народски кажано „напад на слепо црево“, сепак лекарите по дадената терапија биле оптимисти дека антибиотикот ќе ја реши работата. Арно ама, она што на прва изгледа минливо, подоцна станува комплицирано, така што велешката фитнес инструкторка морала да биде оперирана.

„Операцијата помина успешно, пациентот е спасен и веќе е дома. Не сакам ни да помислам што ќе се случеше ако тогаш навистина се качев на едрилица, на сред море…“ – споделила Ана покрај фотографиите и видеото на кое ги покажува со фластери покриените “рани“ од операцијата на слепото црево и додала:

„Планиравме да испловиме во 13 часот од Волос, но нашата едрилица беше готова дури во 17 часот. Додека ние чекавме, другите две веќе оддамна беа тргнати.

Сè ова ме потсети дека некогаш токму „задоцнувањето“ е она што нè спасува. Колку и да планираме, не е сè во наши раце…


Денес сум само среќна и благодарна што сè заврши добро. Фала ви за пораките и грижата на сите!“ – напишала во описот на видеото Ана Стојанова, која сепак мораше „да легне под нож“.

За среќа во несреќа, еден куриозитет ја остави жива на овој свет. Доцнењето на бродот и го спаси животот!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Фото и видео: Инстаграм/annstojanova

To top