Радио Милева медиумски отчет

Анета Љумаковска за „Бекстејџ“: „Во последно време многу шпекулации, многу муабети…“

Анета Љумаковска за „Бекстејџ“: „Во последно време многу шпекулации, многу муабети…“

Откако вчера на Инстаграм и во медиумите проструи веста со фотографијата на фолк пејачката Анета Љумаковска каде е заедно во автомобил со колегата Рубин Размоски, која наедно самата лично ја објави на својот профил, очекувано започнаа и коментарите.

Па така, од автомобил, Анета замина дитектно на интервју пред камерата на естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде почувствува дека е потребно објаснување за се’ она што се зборувало и коментирало за неа, па кажа вака:

-Многу луѓе не ме познаваат и мислат дека сум лоша особа. Во последно време многу, многу шпекулации, многу муабети. Таа е ваква, таа е таква. Значи од луѓе што не ме познаваат, а тие што ме познаваат знаат каква личност сум, дека сум добар човек пред се’, хуман човек. Имам добра душа, добро срце, множеби малку неубаво од мене што го кажувам ова, меѓутоа еве сега добив таква инспирација да кажам неколку збора за себе, каква личност сум и кажва особа сум, кажа пејачката.

Сепак, медиумскиот отчет за пред јавноста не застана тука, таа во следното интервју веќе откри дека е во врска и исполнета како никогаш досега.

-Од кога го запознав мојот партнер, буквално прогледав и го видов светот околу себе. Ја видов и запознав мојата Битола колку била убава и како може да изгледа еден совршен ден поминат во неа со моите најмили, истакна Анета за „Женски магазин“.

За потсетување, Анета се равезде од сега екс- сопругот Џими Мицевски пред две години по две ипол децении брак, додека кларинетистот Рубин Размоски е поранешен член на групата „Молика.

фото:Instagram printscreen/ Backstage You Tube printscreen/anetaljumakovska2701

To top