Радио Милева горди и радосни родители

„Здраво школо“ – Дел од познатите Македонци ги испратија децата во прво одделение

„Здраво школо“ – Дел од познатите Македонци ги испратија децата во прво одделение

Дел од македонските јавни личности,  вчера, 1-ви септември, ги испратија своите малечки во прво одделение, а сега мајките и татковците на социјалните мрежи покажаа колку се горди.

Децата тргнаа во прво одделение, а познатите, убавите вести ги објавија на социјалните мрежи.

Катарина Ивановска, Бојана Скендеровски, Тони Зен, Јоце Панов,  Мирослав Кацаров,  и многу други ги покажаа своите наследници првиот ден од септември со широки насмевки на нивните лица.

Подготвени и со поддршка од нивните родители, децата тргнаа  во нови предизвици каде ќе реализираат нови успеси.

Меѓу нив ќерката на манекенката и модел Катарина Ивановска,  Кира, тргна во прво одделение, а таа се пофали на социјалните мрежи и напиша: „Здраво школо“.

Синот на македонската пејачка Бојана Скендеровки, исто така тргна во прво одделние.

„Среќно да ти е мајкин! Да бидеш умен, успешен… но и да бидеш верен другар! Ѓорѓи прваче! – напиша пејачката.

И синчето на пејачот Јоце Панов тргна во прво одделение. Имено, тој на својот Инстаграм објави фотографии  од себе со  својот наследник  и сопругата и напиша: „Лука прваче“.

Тони Зен го обележи училиштето и сподели фотографии од синот Јасен , кој оваа година е прваче.

На училиште тргна и малата Миа, ќерката на сопругата на Миро Кацаров, Ивана која  таа ја доби од првиот брак.

Со среќа и да редат успеси!

Foto: print Screen/Instagram/Facebook

To top