Роберт Спасенцовски на естрадата попознат како Џокер или сопругот на Антониа Гиговска, има нова песна. „Поле12“ музички не нуди ништо ново или поточно наликува на „веќе слушнато“, ама затоа визуелното е прилично возбудливо.

Зашто како што веќе пишувавме, Џокер „го фатија“ во експлицитни кадри со разголена русокоса во секси долна облека. Иако најпрвин сите помислија дека е сопругата, иако личи на неа, оваа не е жена му Антониа!

Впрочем ова се сцените од видеото за песната, во кое разголената русокоса во секси долна облека најмногу ја крева температурата“. Свилени чорапи со танела, жартиери, гаќички еротски кадри во кои Џокер на расната русокоса која патем неодоливо наликува на некои изданиа на жена му Антониа „и ја зема мерката“.

Впрочем, ако нешто треба „да повелече“ во песната и новиот спот на пејачот „под маска“, тоа се прилично експлицитните сцени, провокативни „до даска“! Со тоа што секако, границата на добриот вкус не е помината, напротив, еротскиот набој е доволно внимателно дозиран, за подоцна да не биде „вулгарно полемизиран“!

Или што би рекле, режисерот Дарко Јовановски водел сметка голотијата на расна македонска манекенка и топ модел, Вања Петрушевска „да ја тера“ со усул, со мерка!

Е сега, дали и колку има и малку автобиографија во текстот е она што дополнително на прво слушање ја заскокотка јавноста? Зашто стиховите наговестуваат „мала љубовна дисхармонија“, што не мора да значи дека е дел и од брачната хармонија на Роберт и Антониа. Барем тоа така не изгледа јавно. И веројатно е само приказна за во песна… За „После 12“!

Која можете да ја слушнете и погледнете во видеото во продолжение и тоа веднаш.. За „После 12“ постојат „попаметни“ работи…







