Радио Милева природен мирис

Сопругата на фудбалерот шокираше со изјавата: Еве зошто престанала да користи парфем

Сопругата на фудбалерот шокираше со изјавата: Еве зошто престанала да користи парфем

Ана Рајковиќ признава дека престанала да користи парфем по породувањето бидејќи им пречел на нејзините наследници.

Сопругата на познатиот фудбалер Предраг Рајковиќ вели дека најубаво е кога нејзината ќерка Нора и синовите Реља и Тадија го мирисаат нејзиниот природен мирис, исто како што таа го чувствува нивниот.

– Престанав да користам парфем поради децата – изјавила Ана Рајковиќ за тамошните медиуми, а потоа откри дека го направила тоа додека го доела своето прво дете и дека таа навика не ја променила до ден денес:

– Кога доите, не треба да користите парфем, тоа е мое мислење. Јас веќе не дојам, но ги возам децата на училиште и на тренинг секој ден, а тие се разболуваат од парфемот додека се во автомобилот. Тој вид контакт со децата каде што го мирисаат мирисот на нивната мајка колку што ние го мирисаме нивниот е прекрасен. Најубавиот можен. 

Ана Рајковиќ успеа да ја врати совршената фигура и тежина што ја имаше како девојче по три породувања, а сега откри колку килограми ослабела.

– Секој што сака може да ослабе! Изгубив 20 килограми за два месеци и го носев фустанот што го сакав – заклучила Ана Рајковиќ за „Информер.рс“.

Foto: print Screen/Instagram

To top