Љупка Арсовска има турболентнао лето. Малку настапи, малку уживање, само за ралика од некои други колешки, на многу поегзотична дестинација на сончање и пливање.
Некогашната „Гранд“ и „IDJShow“ ѕвезда каде и да е, очигледно умее да го сврти на себе вниманието на јавноста, па така Љупка продолжува да евоцира видеоспомени од далечните Емирати на својот Инстаграм , каде одново своите следбеници ги почести со жежок поздрав.
Овој пат од хотелската тераса, каде селфито во одразот во стаклото покажа со каква телесна дарба располага расната Македонка со желба за српска естрадна кариера. Атрактивна, згодна, неопходна, соблечена во интересен костим, составен од топ градник и танга гаќички, реши и самата и фиктивно и фактички да си ја провери телесната убавина, па ја завери со неколку селфи видеа.
Натпросечно бујна, со една од оние предници како грчки лубеници кога се во прашање нејзините гради и раскошна, поткрената и напрчена задница одзади, расната и стројна Љупка зрачи со сексапил.
Само еден одраз во стаклото на хотелската тераса и јасно ви е одма дека Љупка Арсовска е еротска бомба! А штом кадарот широко ќе се отвори, ќе ви ги даде сите можни одговори… Како да слетал секси „авион“ на хотелскиот балкон. Дубаи видеопонуда за Дубаи возбуда од расната македонска пејачка за која веќе не е никакво изненадување дека не е само естраден, туку и уметник во заведување.
Фото и видео: Инстаграм/arsovskaljupka







