Македонската фолк-ѕвезда Стојне Николова, последниов викенд од месец август, 29- ти (петок) во с.Блатец, источна Македонија одржа настап по повод славата на местото, ден по Голема Богородица.
Долго очекуваниот настан го исполни сето она што пејачката го вети на социјалните мрежи пред многубројната публика која уживаше во нејзините прекрасни изведби.

Во Блатец се играше и пееше доцна во ноќта, а заслужна за тоа беше пејачката Стојне Николова, со нејзиниот бенд „Динамик“.
Тие заедно направија настан што долго ќе се памети и ќе се прераскажува за вечерта во која уживаа сите до еден. Со насмеани лица и големо срце жителите ја пречекаа на „Чаршијата“ каде таа ги крена на нозе сите присутни да заиграат и запеат заедно со неа во еден глас.

Ваков настан таму одамна не се памети, а Стојне успеа да го заживее местото, па сплотени преку песната, да биде весело и полно како некогаш.
Стојне беше полна со енергија и даде сѐ од себе за да ја крене атмосферата на високо ниво и успеа во тоа, а публиката беше расположена и уживаше во секој момент.
Сите очи беа в перени во неа, бидејќи навистина имаше што да се види и слушне, а таа го почувствува тоа, се заблагодари и кажа дека ова не може да се долови со видео туку само да се доживее.
– Каква ноќ…какво убаво и емотивно музичко дружење имавме синоќа во Блатец,јас и мој бенд Динамик и ВИЕ,драги мои. Ви благодарам за гоолемата посетеност,секој преубав коментар,секој заеднички испеан рефрен и целата подршка што ми ја давате. Ваква убава енергија и забава,не може да се долови со видео,може само да се доживее. Вака се сака и цени македонската песна и изведувач. Ви благодарам до небо – напиша таа на социјалната мрежа Фејзбук.
Инаку, Стојне е целосно посветена на бројните настапи и обврски, тие и се преоритет па затоа таа не само што ја исполни сцената со својата енергија туку и допре до срцата на сите присутни, пренесувајќи емоција и радост преку својата песна. А во Блатец, каде што веќе подолго време владее тишина, нејзиниот настап предизвика вистински празник на единство и среќа. Публиката која дојде се здружи во едно благодарение на нејзината способност на направи мост помеѓу луѓето и музиката.
Таа вечер ќе остане врежана во сеќавањата како момент, давајќи надеж дека искрите повторно можат да разгорат голем оган на заедништво и радост.

Foto: Вистина.мк/Facebook




