Радио Милева прати силна порака

Славниот Гордон Ремзи доби дијагноза, по што следеше и брза хирушка интервенција

Славниот Гордон Ремзи доби дијагноза, по што следеше и брза хирушка интервенција

Телевизискиот готвач Гордон Ремзи објави дека е подложен на третман за рак на кожата, заблагодарувајќи им се на „неверојатните“ здравствени работници за нивните напори.

Педесет иосумгодишниот Ремзи во објава на Instagram изјави дека му е отстранет базалноклеточен карцином, немеланомска форма на рак на кожата.

Ѕвездата од „Hell’s Kitchen“ рече: „Благодарен сум и многу го ценам неверојатниот тим во The Skin Associates и нивниот брз одговор за отстранување на овој базалноклеточен карцином, ви благодарам.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gordon Ramsay (@gordongram)

„Ве молам не заборавајте го кремот за сончање овој викенд, ви ветувам дека не е фејслифтинг – Инаку би барал враќање на парите“, додаде Ремзи.

Во одговорот на објавата од добротворната организација Cancer Research UKпишуваше: „Драго ни е што си добро, Гордон, и ти благодариме што ја подигна свеста за важноста на безбедноста на сонце. Барај сенка, покриј се и редовно и обилно нанесувај крема за сончање.“

Британската Национална здравствена служба (NHS) наведува дека карциномот на базалните клетки е немеланомска форма на рак на кожата, која започнува во горниот слој на кожата и е главно предизвикана од ултравиолетова светлина од Сонцето и се користи во солариумите.

Се вели дека главниот симптом на состојбата е израсток или необична дамка на кожата, која може да варира по големина и изглед, и најчесто се наоѓа на области како што се главата, вратот и рамената, грбот, рацете и нозете.

Рамзи е познат и по тоа што е водител на „Ramsay’s Kitchen Nightmares“ и се појавува во патувачката серија на iTV „Gordon, Gino and Fred“, патувајќи со колегата готвач Џино Д’Акампо и главниот келнер Фред Сириекс од емисијата „First Dates“.

Тој, исто така, ги води рестораните „Gordon Ramsay“, чии објекти имаат добиено вкупно 17 ѕвезди на Мишлен, а моментално можат да се пофалат со осум.

фото:Instagram printscreen/
gordongram

To top