Радио Милева луксуз од секој агол

Ова е раскошната вила на Анастасија и Немања Гудељ во Севиља

Ова е раскошната вила на Анастасија и Немања Гудељ во Севиља

Пејачката Анастасија Гудељ, ќерка на Цеца Ражнатовиќ, се огласи на социјалните мрежи од својот дом во Шпанија.

По тој повод, таа покажа како изгледа нивната вила во Севиља, а на фотографиите се гледаат базенот и лулашките.

– Целата вила е направена од стакло, што особено им се допадна. Пространа е, а дневната соба води директно до базенот, до кој има палми. Тоа е веќе омиленото катче на Анастасија бидејќи најмногу сака да ужива во сонцето, коктелите и пливањето. Вилата има уште четири соби, две огромни бањи, кујна, опремена со најсовремени апарати, како и спална соба со луксузен кревет и гардеробер, во кој наследничката на Цеца ги смести сите нејзини парчиња – еднаш раскажал извор близок до двојката.

Како што објавија медиумите, тие за вилата искеширале дури шест милиони евра, но тоа не им било проблем со оглед на тоа што Немања, според најновите податоци, заработува 78.846 евра неделно!

фото:Instagram printscreen/raznatovicanastasija

To top