Радио Милева две крави

Познатиот актер се огласи откако дозна дека неговата сопруга му е роднина: И подарил нешто што таа никогаш не го очекувала ни во најлудите соништа

Познатиот актер се огласи откако дозна дека неговата сопруга му е роднина: И подарил нешто што таа никогаш не го очекувала ни во најлудите соништа

Кевин Бејкон и Кира Сеџвик открија дека се роднини по 23 години брак. Актерот сега за прв пат проговори на социјалните мрежи откако веста го шокираше светот.

Кевин Бејкон и Кира Сеџвик се сметаат за еден од најстабилните и најдолготрајните парови во Холивуд.

Нивната романса започнала во 1987 година на снимањето на филмот „Lemon Sky“, а само една година подоцна го кажале своето судбоносно „да“. Малку знаеле дека, покрај љубовта, ги поврзува и необична семејна врска.

Додека гостуваа во популарното шоу „Во потрага по корени“, тие ја открија изненадувачката вистина дека всушност се далечни роднини. Се испостави дека се во роднинска врска од деветто колено, што значи дека Кира е всушност далечна братучетка на Бејкон.

Иако ова откритие беше шокантно за многумина, Кира го пречека сето тоа со доза на хумор и опуштеност.

„Знаев! Знаев! Знаев дека ќе бидеме во роднинска врска. Мислам, повеќето белци се во роднинска врска на некој начин. Искрено, не бев изненадена. Претпоставував дека затоа нè тестираа и двајцата, но морав да се преправам дека сум шокирана“, рече таа со смеа.

Неодамна, актерот се огласи на својот Инстаграм, испраќајќи нежна порака до својата сопруга.

Овој пат, поводот беше 60-тиот роденден на Кира. Наместо класичен подарок, Бејкон ја изненади купувајќи ѝ две крави, а целиот настан го сними и го објави на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kevin Bacon (@kevinbacon)

Foto: print Screen/Instagram/kevinbacon

To top