Пејачката Ана Николиќ го обвини поранешното момче и композитор Горан Ратковиќ Рале за физичко насилство. По инцидентот, Ана веднаш го пријавила случајот во полиција.
Српските медиуми се обиделе да добијат коментар од пејачката, а на нејзиниот телефонски број одговорила пријателка која истакнала дека Ана нема да ја покрене тужбата против Ралет.
Иако рекла дека пејачката моментално е на пат, во еден момент во позадина се слушал нејзиниот глас.

– Ана моментално е на пат – рекла таа на почетокот од разговорот.
– Таа нема да тужи Рале – продолжила пријателката, а потоа во позадина можела да се чуе како се консултира со Ана Николиќ за одговорот.
Кога пејачката ѝ рекла на пријателката да ја спушти слушалката, таа брзо рекла:
– Марш во … – и го прекинала повикот.

Патем, Ана Николиќ наводно била претепана од избраникот, композиторот Горан Ратковиќ Рале, по што бил забранет негов пристап до Ана.
фото:Instagram printscreen/ananikolicofficial





