Фолк пејачката Сузана Спасовска денес на социјалната мрежа „Фејзбук“ им се обрати на своите слебденици со посебна порака по повод нејзиниот роденден.
Таа во објавата откри дека роденденот и дава нова инспирација и сила да продолжи да создава и да ги радува сите со нови песни.

Имено, Сузе се пошегува, па откри што прво и паднало на памет за бројката која што денес ја наполни.
– Си велам, а да си ги сменеа местата овие две бројки? 16 наместо 61, хахахаааа… Ама, не, сепак вака си е најдобро
(единицата малку изгоре па заличи и на седмица, но има време до 7) а, тортата ќе ја пробам на 28.08., ммммм…
Драги пријатели, секоја роденденска и именденска честитка, ми беше како светлина, што го разубави мојот ден. Се чувствувам благословена што толку многу луѓе со топли зборови, ми го израдуваа срцето и ми ја покажаа љубовта околу мене. Ви благодарам!
Слава ти Боже !- напиша таа во објавата која ја сподели.
Сузана со голема благодарност го прифати и овој круг околу сонцето, а им заблагодари на нејзините пријатели и фанови за нивната секојдневна љубов и поддршка. Секако, без Сузе музичката сцена немаше да биде иста.
Foto:printscreen/facebook





