Радио Милева значајни моменти

За Катарина Ивановска денес е посебен ден – Манекенката „Инстаграм приказната“ ја наполни со љубов и внимание

За Катарина Ивановска денес е посебен ден – Манекенката „Инстаграм приказната“ ја наполни со љубов и внимание

Денес Катарина Ивановска го слави својот 37 – ми  роденден, а нејзиниот Инстаграм профил беше преплавен со искрени честитки и убави моменти од пријателите и најблиските.

За својот посебен ден Mакедонскиот топ модел,  доби огромна поддршка и внимание од оние што најмногу ја ценат.

Највпечатливо беше честитањето од нејзината блиска пријателка, позната пејачка Тамара Тодевска,  која прво ѝ се јави преку видео повик.

Тамара и посвети неколку топли зборови и, со голема љубов, ѝ испрати неколку фотографии кои ја раскажаа нивната пријателска приказна и ја направија атмосферата уште повесела и посебна.

 

Исто така, Ивановска го украси денот и со искрените гестови од нејзиниот сегашен партнер,  Стефан Ханџиски, кој ѝ испрати две внимателно избрани фотографии кои го покажуваат нивниот силен, љубовен однос. Тие моменти ја збогатија нејзината роденденска приказна, додавајќи му доза на романтика и топлина.

Со убавите моменти докажа колку и е важно што е опкружена со љубов, поддршка и вистински пријатели, а Катарина тоа го доби во најголема мера.

Foto: print Screen/Instagram/katarina_ivanovska

To top