Промотер со личен печат

Театар под маски од емотивната вампирска драма на „Те чекам“ од прилепчанката Алекс

Театар под маски од емотивната вампирска драма на „Те чекам“ од прилепчанката Алекс

Младата, атрактивна и талентирана прилепчанка Александра Трајческа неодамна ја промовираше својата најнова песна „Те чекам“, заедно со впечатлив видеоспот кој во себе крие чудна, мистична и симболична приказна. Автор на музиката и текстот е Горан Пајак Трифуновски, кој воедно стои и зад режијата на видеото. Зад камерата и визуелната естетика како Директор на фотографија се потпишува Игор Ѓураковски, додека за монтажа на финалниот продукт е задолжен Аристид Филактов.

Видеото е снимено во Домот на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, а во актерската екипа се појавуваат професионални актери и млади таленти кои се сè повеќе присутни на уметничката сцена.

Приказната на „Те чекам“ се занимава со вечната човечка потрага и борба со невидливото – времето и емоционалните „вампири“ што понекогаш ја црпат нашата сила. Според авторите, видеото носи силна порака:

„Сите чекаме нешто или некого, но најчесто токму времето е тоа што ни се одзема, често од луѓето кои ја цицаат нашата енергија, сè додека не одлучиме да расчистиме со нив, без разлика колку тоа боли“, вели за Музика24 пејачката Трајческа.

Оваа песна доаѓа по настапот на Александра минатата година на „Макфест“, каде што ја отпеа певливата, забавна и оригинална песна „Навика“, со која привлече внимание и доби пофалби за својот вокал и сценски настап.

Со „Те чекам“, Александра уште еднаш покажува дека е уметница со јасен личен печат, која не се плаши да експериментира со звук и визуелна уметност, нудејќи им на публиката ново, современо музичко доживување.

извор:muzika24.mk

To top