Јана Тодоровиќ објави нова фотографија на својот Инстаграм, а следбениците веднаш забележаа дека ослабела многу.
Со оглед на тоа што нема „влакна на јазикот“, Јана Тодоровиќ никогаш не криела дека е незадоволна од својата тежина, а потоа решила од зборови да премине на дела и да ја среди својата фигура.

На наговор на нејзината ќерка, Јана Тодоровиќ го промени својот начин на живот, почна да се храни поздраво, а кога на сето тоа ќе додадеме физичка активност и речиси секојдневни настапи, резултатите беа неизбежни.
– По 35 работни дена! Само да ве поздравам, ве сакам – рече Јана Тодоровиќ со фотографија на која позира во кратки шорцеви и класична бела маица преку која облече сина кошула. Својот стајлинг го зачини со црни влечки и темни очила за сонце.

Јана Тодоровиќ ги изгуби вишокот килограми за нешто повеќе од еден месец, а фотографијата од морскиот брег е доказ дека промената е очигледна.

Foto: Printscreen/Instagram/janavip2011




