Радио Милева ужива на море

„Моето најголемо богатство“ – Огнен Здравковски сподели семејна фотографија од одморот

„Моето најголемо богатство“ – Огнен Здравковски сподели семејна фотографија од одморот

Младиот македонскиот пејач Огнен Здравковски се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и пред следбениците откри дека деновиве, топлото време го користи за да одмори и да ги наполни батериите на море.

Огнен, овој пат сподели приватен момент, далеку од сцената и гужвата. Пејачот покажа дека за него вистинското задоволство не се наоѓа само во работата, туку и во времето поминато со најблиските.

Пред своите следбеници сподели селфи со родителите, сите во летно издание, насмеани и опуштени, а во позадина наѕира морето.

На фотографијата, Огнен додека позира со неговата мајка Софче Џорлева, сестрата на починатиот маестро Зоран Џорлев, и татко му Миле Здравков, едноставно и искрено напиша: „Моето најголемо богатство“.

Со пораката која ја напиша пејачот потсети дека успехот и славата не би имале смисла без љубовта и поддршката од семејството која тој безрезервно ја добива од нив. Затоа среќата која четопати ја бараме во далечина, всушност можеме да ја најдеме во најискрените моменти со оние што ги сакаме.

Инаку,  семејство на Огнен му дава најголема поддршка во сите негови активности и тој секогаш зборува со многу љубов за своите најблиски.

Foto: printscreen/instagram/ognenzdravkovski

To top