Радио Милева приватен живот

Сопругата на Аца Пејовиќ му поставила услов на пејачот: „Mи речe или тоа или крај!“

Сопругата на Аца Пејовиќ му поставила услов на пејачот: „Mи речe или тоа или крај!“

Пејачот Ацо Пејовиќ сподели детали од приватниот живот и бракот со сопругата и се присети каков бил денот кога ѝ ставил прстен на прстот.

Во гостувањето во емисијата „Од А до С“, Пејовиќ зборуваше за бракот со сопругата Билјана, на која ѝ предложил брак само седум дена откако почнале да се забавуваат.

– Се забавувавме седум дена, а таа имаше матурска вечер. Тогаш ѝ предложив брак. Таа рече: „Сакам да се омажам, но има еден услов – да ми дозволиш да завршам факултет“, рече Пејовиќ.

Билјана Пејовиќ го исполни својот услов. Дипломира на факултет, а подоцна докторира по економија, бранејќи ја својата дисертација во 2018 година со оценка 10.

Како круна на нивната љубов, Ацо и Билјана имаа три ќерки – Магдалена, Ива и Марија, а дури и по години брак, тие се сметаат за еден од најхармоничните парови во забавната индустрија.

Foto: printscreen/instgaram

To top