Радио Милева креативна

Розман  ја комбинира модата и бизнисот – Некогаш самоуверено позираше топлес врз кеш, а денес го стави во букет 

Розман  ја комбинира модата и бизнисот – Некогаш самоуверено позираше топлес врз кеш, а денес го стави во букет 

Македонската манекенка и сопственичка на ланец цвеќарници – Емилија Розман ја изненади македонската јавност и на социјалната мрежа Инстаграм го привлече вниманието на нејзините следбеници со новата објава која ја сподели.

Имено, Розман снимила видео во нејзината продавница за украсување и декорирање и покажа што направила  и колку се израдувала на новата креативна идеја.

На видеото се гледаше прекрасна изработка на букет кој не беше само со цвеќиња туку накитен со евра.

Дали некој го нарачал или таа самата се одлучила за ваков потек за инспирација кај купувачите не е јасно, но доколку за некого ги ставила банкнотите во букетот, веројатно  одлично и платил и самиот го подигнал.

Доставата до  купувачот веројатно била директна уште од нејзинот дуќан бидеќи со толкава сума на пари во букетот која ја ставила веројатно не се чувствувала безбедно.

Како и да е Розман го направи најскапиот букет досега, а тоа гордо го истакна и пред јавноста преку видеото кое го сподели.

Инаку, Розман обожава да се фотографира со кеш,  па еднаш покажа колку е полна со самодоверба и среќна  кога на него лежи топлес, без долен веш.

Foto: print Screen/Instagram/

To top