Радио Милева преполно со возбуда

Софија Милошевиќ со најжежок изглед досега – Ги покажа своите облини во минијатурно бикини

Софија Милошевиќ со најжежок изглед досега –  Ги покажа своите облини во минијатурно бикини

Софија Милошевиќ повторно ги запали социјалните мрежи, овој пат со серија фотографии на кои позира во мини цветни бикини. Манекенката и модна дизајнерка има завидна фигура, а сега повторно покажа зошто важи за една од најатрактивните жени на домашната сцена.

Затегнато тело, извајани нозе, нагласени облини – сето ова беше на виделина додека Софија се сончаше и фотографираше на луксузна тераса со поглед на морето и базенот.

Во костим за капење кој едвај ги покриваше нејзините облини, таа позираше заводливо, а секој детаљ, од позата до намастената кожа, изгледаше како кадар од модна писта.

Со задолжителните очила и високи потпетици, Софија изгледаше брутално, а коментарите под објавата не престануваат да пристигнуваат.

Иако сега е успешна дизајнерка и сопруга на фудбалерот Лука Јовиќ, Софија никогаш не го занемарила својот моделски изглед.

Нејзината посветеност на здрав начин на живот, тренинг и естетика е очигледна, нејзината фигура е беспрекорна, а со овие фотографии несомнено им задала домашна задача на многу познати дами.

фото: Printscreen/instgaram

To top